Словенечкиот премиер во посета на Македонија

Словенечкиот премиер Миро Церар денеска и утре престојува во официјална посета на Македонија. 

Официјалната церемонија за пречек на словенечката делегација, ќе се одржи денеска на платото пред Владата во 16:00 часот, по што е предвидена тет-а-тет средба меѓу премиерите Заев и Церар, како и билатерален состанок на македонската и словенечката владина делегација.

По средбите двајцата премиери ќе одржат заедничка прес-конференција.

Церар и Заев утре ќе ја отворат и ќе имаат свои обраќања на Бизнис конференцијата во просториите на Стопанската комора на Македонија. 

Словенечкиот премиер Церар за време на дводневната посета на Македонија ќе има средба и со претседателот на државата Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието, Талат Џафери. 

 

 

 

03.04.2018 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега