Иванов: Да сме сплотени и за време на празниците и цела година

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на сите верници христијани им го честиташе најголемиот христијански празник Велигден. Тој од пред Соборниот храм на граѓаните им посака многу здравје, радост и среќа.

-Посакувам во животот да ги следи многу добрина, убавина и правдина. Празниците се за славење, но и за потсетување, да не потсетуваат за сето она што го поминале нашите предци за нивното опстојување, за вредностите што ни ги пренеле нам, што ние треба да ги сочуваме за нашите потомци, изјави Иванов.

Тој напомена дека овој Велигден не потсетува и на 1.000 години од основањето на Охридската Архиепископија.

-Посакуваме нашата црква да биде дел од Православната екумена, и посакувам како сме сплотени и единствени за време на празниците, така да бидеме во текот на годината. Да си помагаме меѓу себе, да сме многу солидарни, тогаш и ќе бидеме успешни. Посакувам многу повеќе да си ја сакаме, да си ја почитуваме и да си ја чуваме Република Македонија, изјави претседателот на државата.

 

 

 

08.04.2018 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега