Нов закон за основно образование: Се намалува бројот на часови за учениците - наставнитците добиваат повеќе одмор

Децата од 1 до 3 одделение може да имаат најмногу 4 училишни часови во текот на денот, предвидува новиот закон за основно образование кој денеска го презентира Министерството за образование и наука. Според него, работни саботи веќе нема да има а ќе се остави простор за 5 дена помалку настава доколку за тоа се укаже потреба. Наместо досегашните минимум 180 работни денови годишно, бројката ќе се спушти на 175.
Учениците од 4 до 6 одделение ќе може да имаат неделно најмногу 25 часа, а оние од 7 до 9 одделение ќе имаат најмногу до 30 часа

Со закон ќе се регулираат и неработните денови  за наставниот кадар во текот на зимскиот распуст. Најмалку половина од деновите од распустот ќе бидат платени неработни денови, кои не се дел од годишниот одмор на наставникот. 

 

 

 

10.04.2018 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа