Џафери: Слушнав како рекоа „со Села завршивме и сега редот е на вас“

При своето сведочење денеска за нападот во Собранието на Зијадин Села, Талат Џафери рече дека ги нападнале со се што им дошло при рака.

Откако забележал дека Села не е во негова близина, прво помислил дека некој од обезбедувањето го повлекол, но потоа слушнал како еден од напаќачите рекол: „со Села завршивме и сега редот е на вас“. Потоа Џафери бил извлечен од прес-центарот и евакуиран во канцеларијата на пратеникот Влатко Ѓорчев. Таму од Никола Тодоров разбрал дека се тешко повредени Села и Радмила Шекеринска.

Од Собранието Џафери бил евакуиран во касарната во Ѓорче Петров. Подоцна од таму отишол во Клинички центар да го посети Села по што си заминал дома. Џафери пред судот рече дека не ги видел напаѓачите на Села.

 

 

 

10.04.2018 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега