Судот не му дозволи на Груевски да присуствува на утрешната седница за гласање на доверба на Владата

Поранешниот премиер Никола Груевски кој сега е пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, нема да присуствува во парламентот на седницата за доверба на владата.

Денес тој беше на суд околу 11 часа, а таму треба да се појави и утре. Судот ги одби сите барања на неговата одбрана.

Судијката Добрила Кацарска го одби барањето на Груевски да се одложи утрешното рочиште, па тој нема да може да биде дел од утрешната собраниска седница.

Ова го потврди вечерва адвокатот на Груевски, Зиков.

-Утре во 10:30 часот пак ќе има рочиште. Не го прифатија барањето на Груевски да присуствува во Собрание на седницата за интерпелација на Влада, рече тој.

 

 

 

10.04.2018 - 23:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега