Веб страницата на Бигорскиот манастир двојазична

Една година по објавувањето на новиот интернет саајт на манастирот „Свети Јован Крстител“ или познат како Бигорски манастир, објавена е и неговата грчка верзија.

„Исто како и пред една година и сега во чест на Празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден, објавена е верзја на манастрскиот сајт на грчки јазик“, велат од Бигорскиот манастир.

Во најскоро време, со Божја помош, додаваат, ќе се погрижиме и за верзија на англиски јазик.

„Сите содржини што се однесуваат на манастирот се преведени, освен неколку, за кои ќе се погрижиме да ги завршиме во најкус можен рок. Во грчката верзија не се застапени поучните слова, како ни вестите од светот, зашто постојат многу такви веб-сајтови на тој јазик и сметаме дека нема потреба за такво нешто“, посоуваат од Бигроскиот манастир. 

 

 

 

13.04.2018 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега