И фудбалерите не нé израдуваа - Македонија изгуби од Шкотска

 

Во квалификациски натпревар за Светското фудбалско првенство 2014 од групата А, вчера на Национална Арена „Филип Втори“ Македонија загуби од Шкотска со 2:1 и значително си ги намали шансите за освојување на третото место. 
 
Головите за Шкотлаѓаните ги постигнаа Икечи Аниа 60.минута и Шон Малони во 89.минута, за Македонија погоди Јован Косотовски во 84.минута.
 
Гостинските фудбалери имаа поголем посед на топката во првиот дел, создадоа и две шанси преку Браун во 31.минута и стрелецот Аниа дест минути подоцна, но македонскиот голман Томе Пачовски не дозволи да биде совладан.
 
Македонија беше ориентирана повеќе на дефанзива, отколку што покажа желба да се загрози голот на Дејвид Маршал. Единствената шанса ја имаше Јаховиќ во последната минута од полувремето по еден контра-напад, но малку откосо од десетина метри биеше непрецизно.
 
Во „црвено-жолтиот“ дрес вечерва во квалификациски натпревар дебитираше 19-годишниот Давид Бабунски кој беше заменет во 40.минута. 
 
Десетилјадната публика на „Филип Втори“ поради слабата игра со свирежи ги испрати фудбалерите на пауза со очекување за многу подобар фудбал во вториот дел.
 
Очекувањата на навивачите се исполнија само во последните 20 минути, кога избраниците на селекторот Чедомир Јаневски заигра многу подобро, поагресивно и поофанзивно, но две грешки во одбраната беа пресудни за петтиот пораз во овој квалификациски циклус.
 
Од групата А во тек е натпреварот Велс – Србија. На 10 минути пред крајот Србите веќе ја обезбедија победата, водат со убедливи 3:0 и се зацврстуваат на третата позиција. 
 
Табела: Белгија 22 бода (8 одиграни натпревари), Хрватска 17(8), Србија 11(9), Шкотска 8(9), Македонија 7(8) и Велс 6(8).

11.09.2013 - 08:56
Фото: 
курир

најчитано сега