Фатен гостиварчанец кој станот си го претворил во магацин за дрога

Во акција на полицијата во Гостивар е откриена група која уживала во користење на наркотици.

Вчера околу пладне полициски службеници извршиле претрес во станот и помошните простории на 50-годишниот гостиварец С.М. лоциран на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар по претходни сознанија дека сопственикот бил инволвиран во недозволена трговија и злоупотреба на опојни дроги.

Во спалната на станот пронајдени се вкупно 17 пакувања од најлонски кесечки со непозната прашкаста материја, најверојатно хероин. Тие биле сокриени под перницата и зад телевизорот. Во плакар во ходникот, пак, пронајдени се 7 медицински шприцеви со 12 игли, а во друга соба три пластични шишиња наполнети со вода и  затворени со алуминиумска фолија, информираат од полицијата.

За време на претресот во станот на С.М се наоѓале уште пет лица: В.С. (28), Н.И (30), К.С (43) од Гостивар, С.Р (23) од Скопје и А.М (24) од Прилеп. Неколкумина од лицата претходно и се познати на полицијата како уживатели на наркотици.

По целосното расчистување на случајот најавени се и соодветни пријави за прекршителите на законот.

11.09.2013 - 11:53

најчитано сега