Османи: Нема да го прифатиме предлогот на Иванов за гувернер

Нема да го прифатиме Димитар Богов за гувернер на Народната банка на РМ, изјави вечерва вицепремиерот Бујар Османи, во емисијата 24 анализа на ТВ24.

Тој рече дека ДУИ нема да го поддржат едностраниот предлог на претседателот Ѓорге Иванов за гувернер на Народната банка, и ќе се обидат да се координираат и да ги убедат сите политички фактори околу тоа.

- Апсолутно како професионално решение сметавме дека Фатмир Бесими е најдобро решение за гувернер. Успеавме сите да ги анимираме и реакцијата беше позитивна од сите, изјави Османи.

На прашањето дали ДУИ го убедиле премиерот Зоран Заев за Бесими, Османи рече дека предлгот на Иванов ја искомплицирал координацијата.

- Вакво наметнување на решение од Иванов ја отежнува уште повеќе комуникацијата. За жал, Иванов продолжува да биде деструктивниот фактор во државата. Идејата на начинот на избор на гувернер е да се овозможи суштинска дебата. Не знам кој ќе биде епилогот. Без претходна консултација не може да функционира предложеното решение, рече Османи.

Посочи дека Иванов создава ситуација Македонија да нема гувернер.

- Да почнеше разговори, да ги викнешпе политичките партии тоа е духот на уставот. Но ваквото еднострано наметнување решение може да ја доведе држава во ситуација без гувернер. Не наметнува дух на кохабитација, истакна Османи.

Сметавме, продолжи Османи, дека надвор од етничката и политичката припадност првпат имаме сериозно решение како Бесими и сакавме да го наметнеме на дебата меѓу страните што одлучуваат за тој избор, но да не се даде шанса е во спротивност со уставот.

 

 

 

02.05.2018 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега