Пежо удри во велосипед со две деца во Прилеп - со повреди во болница

 

Во 22 часот синоќа во Прилеп на улицата „Гоце Делчев“ се случила сообраќајна незгода помеѓу велосипед „Центурион“ управуван од 17 годишно момче од Прилеп, кој на велосипедот превезувал негов врсник, и патничко моторно возило „Пежо 206“ со скопски регистерски таблици управувано од 26-годишниот А.К. од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, а со телесни повреди се здобило и 17 годишникот што се превезувал на велосипедот. На двајцата им е укажана лекарска помош во Градската болница во Прилеп.

Извршен бил увид на местото на настанот, се работи на целосоно расчистување на случајот.

 

 

 

 

03.05.2018 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега