Груевски: Посветената работа дава резултати!

Денеска Градот Скопје официјално ја отвори за сообраќај втората делница од проширениот и реконстуиран булевар „Борис Трајковски“ која се протега од булеварот „Србија“ до влезот во проширената фабрика „Стакларница“ во должина од 1.126 метри.

Претседателот на Владата Никола Груевски во своето обраќање изрази благодарност кон сите кои земале учество во изградбата на овој булевар.

Тој истакна дека во изминатиот период, беа реализирани многу проекти во градот Скопје и во општината Кисела Вода, потенцирајќи дека вроди со плод напорната работа на градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и екс градоначалникот на Кисела Вода, Марјан Ѓорчев.

Трајановски, пред присутните истакна од десната страна на коловозот од новиот булевар е изграден тротоар покриен со бекатон плочки во ширина од 2 метри, додека од а левата страна на коловозот е направен тротоар со велосипедска патека широка 4 метри.

Ова проширување на делницата беше искористено за да се постави атмосферска канализација во должина од 1.126 метри, со променлив профил од ф-500 до ф-800 милиметри.

Со ова проширувањето и со проширувањето на првата делница од булеварот "Борис Трајковски", тесната улица се претвори во булевар со четири коловозни ленти кои се широки по 3,5 метри.

ФОТО: МИА

најчитано сега