Драстичен скок на цените на бензините - дизелот од лани поскап за 11 денари
Оваа недела пред Први Мај Регулаторната Комисија за енергетика ја донесе одлуката за нови цени на горивата во Македонија.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 16.04.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 1,317 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 16.04.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 30,037 ден/кг.
Само за споредба, лани овој период бензинот беше 66 денари за литар, додека дизелот 51 денари за литар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа