Со тупаници и метален предмет брутално претепан вработен на паркинг кај „Мавровка“

Во Полициската станица Бит Пазар вчера во 14:30 часот, 27-годишниот Б.Р. од Скопје пријавил дека на 06.05.2018 околу 23 часот на паркинг простор кај Трговскиот центар „Мавровка“, на бул. „Гоце Делчев“ бил физички нападнат од лицето Ф.А., кој бил со возило. 

Тој го удирал со тупаници во пределот на лицето и со метален предмет во задниот дел од главата, при што му нанел повреди. Причина за физичкиот напад било тоа што пријавителот, кој бил вработен на паркингот, му рекол дека треба да плати. Тогаш Ф.А. излегол од возилото и го нападнал. 

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

08.05.2018 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега