Полиција упадна во домот на Тетовец, по претресот веднаш го уапси

Вчера во 18,00 часот по претходно издадена наредба од Основен суд Тетово од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово бил извршен претрес во домот и помошните простории кај лицето 32- годишниот Х.Ф од Тетово.

- При што биле пронајдени и со потврда за привремено одземени предмети биле одземени: девет куршуми калибар 6,35мм, два мобилни телефони, една најлон ќеса со марихуана која била пронајдена во патничко моторно возило комбе „Дукато“ со тетовски регистерски таблици, електронска вага, шест најлон ќеси со марихуана кои биле пронајдени во патничко моторно возило „Голф“ со тетовски регистерски таблици и 33.000 денари- се вели во соопштение од полицијата.

Лицето било приведено и задржано во полициска станица за понатамошна постапка.

 

 

 

 

09.05.2018 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега