Видео: Пожар во „Макстил“ - чадот се ширеше низ Скопје, итните екипи на терен

 

 Отпадно железо пред рециклирање синоќа во 23:20 часот се запалило во фабриката „Макстил“ во Скопје при што интервенирала Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје со девет возила и 21 пожарникар.

Поради високата температура и густиот чад што се развиле од пожарот, дополнително биле побарани три цистерни со вода од Комунална хигиена, три цистери од Водовод и едно противпожарно возило од рафинеријата „ОКТА“.

Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томески за МИА изјави дека опожарени се околу 500 кубни метри складирано железо и оти се уште се работи на терен. 

- Температурата е намалена и почнува да се работи на физичко отстранување на материјалот и негово догаснување, изјави Томески. 

На фејсбук беше објавено и видео од пожарот и неговото гаснење:

 

 

 

11.05.2018 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега