Малолетник управувал со автомобил и удрил во бетонски ѕид - идно однесен на Клиника
Вчера околу 17 часот на регионалниот пат Мавровска крстосница кон Дебар, 13 годишен малолетник од Кавадарци управувајќи патничко моторно возило „Југо“ со охридски регистарски ознаки со прикачена лесна приколка удрил во бетонски ѕид.
Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој по укажаната лекарска помош во Ургентен центар Гостивар е пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза".
Сопатниците во возилото, неговиот татко Ш.Д.(31) од Кавадарци и М.М.(37) од Гостивар, се здобиле со телесни повреди.
Извршен е увид на местото на настанот.
11.05.2018 - 10:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа