Трагедија ја потресе Струмица: Ѕид од стара куќа се сруши и усмрти млада невеста

Трагедија ја потресе Струмица. 25-годишната  Билјана Б. од струмичко Просениково го загуби животот во несреќен случај, откако се срушил ѕид и паднал врз неа.

Според податоците од полицијата, несреќата се случила во 12 часот додека Билјана седела заедно со својот сопруг, 30-годишниот М.Б. кога во нивната стара семејна куќа се срушил ѕид и за жал паднал врз неа при што таа го загубила животот.

 

 

12.09.2013 - 10:18