Полицијата фати десет мигранти во возило на граничниот премин „Богородица“ - возачот избегал
На регионалниот пат Негорци-Прдејци кај клучката за приклучување на автопатот Демир Капија – Смоквица, завчера во 15 часот од страна на полициски службеници, на даден знак за запирање, возач на патничко возило „Опел Омега” не го запрел возилото и продолжил да се движи кон Граничниот премин Богородица, по што возачот го сопрел возилото и се дал во бегство. При преглед на наведеното возило биле пронајдени 10 лица-мигранти, од кои девет од Пакистан и едно лице од Непал. Од извршените проверки, било утврдено дека, регистарските таблички на наведеното возило припаѓаат на возило „Опел Кадет” сопственост на лице од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа