Акција на полицијата: При претрес на возила и домови откриена дрога - уапсени две лица

 

Вчера околу 18 часот на локалниот пат село Шемшово – село Жилче, од страна на полициски службеници, при преглед на лица и патнички возила „Пасат“, управувано од 53-годишниот Ф.Н. од Тетово и „Опел Астра“, управувано од 55-годишниот Н.Б. од Тетово, во возилото „Опел Астра“ била пронајдена и одземена околу еден килограм марихуана. 

Потоа, од страна на полициски службеници, со претходна наредба од надлежен ЈО биле извршени претреси во домовите на истите, при што во домот на Ф.Н. била пронајден кокаин. Двете лица се задржани во СВР Тетово за понатамошна постапка. 

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот. 

 

 

 

 

11.05.2018 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега