Дизелот отиде на 63 денари за литар: Изгор цени од полноќ
Регулаторната Комисија за Енергетика денеска ги објави новите цени на бензините, кои повторно поскапеа.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 30.04.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.
Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.04.2018 година.
Со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) отиде на 63,00 ден/лит.
Неколку недели по ред бензините поскапуваат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа