Скопјани се испотепале за девојка - младо момче заврши на Ургентен

Пред два дена петнаесетина минути по полноќ на улицата „Васко Карангелевски“ во Скопје настанала крвава пресметка меѓу две групи насилници.

По претходна вербална расправија поради девојка настанала и тепачка помеѓу 20-годишниот С.М. 20-годишниот  М.Р. и 20-годишниот  И.Ј. од една страна, како и 21-годишниот С.К. и една година постариот П.С од друга страна . Насилниците си размениле удари со тупаници по телата, од што си нанеле видливи повреди.

С.М. завршил на Ургентниот ценатр во Скопје откако му била нанесена убодна рана во пределот на десната натколеница.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

12.09.2013 - 12:53

најчитано сега