Од сабота блок билети за натпреварите на Металург во ЛШ

Во сабота со почеток во 13 часот ќе започне продажбата на блок влезници за групната фаза од Лига на шампионите во ракомет сезона 2013/14, информираат од Металург.

Тогаш ќе може да се набават исклучиво блок влезници, додека влезниците за натпреварот со Пари сен Жермен ќе бидат пуштени во продажба дополнително на неколку дена пред самиот натпревар.

Оваа сезона за разлика од минатата во продажба ќе бидат пуштени блок влезници за М-блоковите кои се наоѓаат покрај самиот терен и за Б-блоковите, односно блоковите горе.

Со овој потег ќе се зголеми капацитетот на блок влезниците,токму затоа што интересот е значително зголемен по  пласманот во најелитното клубско натпреварување.

НатпревариТЕ кои Металург ќе ги игра на домашен терен се Пари сен Жермен, Динамо Минск, Вардар Про, Вакер Тун и Барселона.

Цената за блок влезница за петте натпревари е за Б-блоковите е 1000 денари, додека за М-блокот или централните блокови покрај самиот терен се 1500 денари.

 

Секако дека останува опцијата за задржување на местата при евентуален пласман во нокаут фазата, опција кој е многу интересна за нашите фанови имајќи предвид колку тешко се доаѓаше до влезница за тие натпревари минатата сезона.

12.09.2013 - 13:59
Фото: 
кајгана

најчитано сега