Македонската полиција трага по 91-годишен дедо и малолетничка
Во Полициското одделение Групчин, вчера Б.Р. од село Стримница, тетовско, пријавил дека околу 12.30 часот од дома излегол неговиот дедо.
Се работи за 91-годишниот Г.Ш. кој до моментот на пријавување не се вратил.
Во Полициската станица Пробиштип, вчера во исто време, 52-годишниот В.Е. од Пробиштип пријавил дека на 14 мај околу 14 часот од својот дом во непознат правец се одалечила неговата 17-годишна ќерка.
Се преземаат мерки за пронаоѓање ма лицето.
18.05.2018 - 11:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа