Министерството за економија и МФК ќе потпишат меморандум за соработка

 

Меморандумот за соработка ќе потпишат денеска министерот за економија Крешник Бектеши и регионалниот менаџер за Централна и Југоисточна Европа на Меѓународната финансиска корпорација, членка на Групацијата Светска банка, Томас Лубек.

Меморандумот ќе стартува со спроведувањето на Проектот за решавање на долговите и излегување на деловните субјекти во Македонија.

Проектот ќе се спроведува во партнерство со владата на Швајцарија, претставена од страна на државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (СЕКО), а неговата цел е надминување на сегашните пропусти во рамката за инсолвентност на деловните субјекти, со што ќе се помогне во зачувувањето на постоечките работни места и создавање нови.

На церемонијата на потпишување и претходи Тркалезна маса и дискусија на тема „Промени во законот за стечај“.

 

 

 

30.05.2018 - 07:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега