Пукање во Скопје: Му застанал пред возилото со пушка
Околу 10,10 часот било пријавено дека во селото Мојанци-скопско додека 29-годишниот И.С излегувал од дворот со своето возило “Опел Вектра“ на патот пред возилото застанал неговиот братучед, 33-годишниот Е.С со автоматска пушка во рацете, и му рекол да го запре возилото вперувајќи ја пушката кон него.
И.С. се исплашил и го стартувал возилото во кое што бил и неговиот 17 годишен брат, а веднаш откако го одминал, слушнал како Е.С. испукал неколку куршуми. Од истрелите нема повредени лица и не била забележана материјална штета на возилото.
Најверојатно причина за пукањето, според првични сознанија, е тоа што И.С. пријавил дека на 28.05.2018 година, Е.С. физички го нападнал. На местото на настанот бил извршен увид и пронајдени и подигнати биле две чаури од автоматска пушка. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа