Му го здиплиле возилото од катна гаража во Скопје
Во 12.00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, 39-годишниот Е.М. од Скопје пријавил дека на 29. на улицата „Тодор Александров“ во подземна заедничка гаража од зграда од страна на непознат сторител му бил одземен мотоцикл „Јамаха Х Макс 400“.
Сторителот на непознат начин го стартувал мотоциклот по што го напуштил местото. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 450.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
31.05.2018 - 14:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа