Скопјанец направил хаос на Партизанска: Заедно со полицаец завршиле во болница

Околу 23 часот во Скопје,  на крстосницата од булевар „Партизански Одреди“ со улица „Франклин Рузвелт“, од страна на полициски службеници се преземале службени дејствија за контролирање на возачи кои управуваат моторцикли.

При обид да се сопре и контролира возач кој управувал мотор „Јамаха“ без регистарски ознаки, истиот не застанал на даден знак и со предниот дел од моторот удрил во еден полициски слижбеник при што со моторот паднал на коловозот.

Од ударот полицискиот службеник се задобил со повреди и со возило на Итна мединска помош е пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“.

Мотоциклистот, 22-годишниот Р.К. од Волково, е приведен и се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

01.06.2018 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега