Испукал два куршуми од пушка за која немал дозвола па ја вперил кон соселаните

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против 54- годишниот Ѓ.Ј од село Липа-неготинско поради постоење основи на сомнение за сторени  кривични дела „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „предизвикување општа опасност“.

- На 14.02.2018 година во село Липа-неготинско, во близина на вештачки подигната брана, пријавениот од ловен карабин „Војнотех Крагујевац Модел 1924“ калибар 8х57 мм, за кој не поседувал соодветна дозвола, испукал два куршума, по што истиот го репетирал и вперил оружјето кон Д.Д., Д.З., М.Ј., сите од село Бистренци- Демир Капија- стои во соопштение од полиција.

 

 

 

04.06.2018 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега