Страшна сообраќајка по полноќ во Македонија, има повредени

Пет минути по полноќ на магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево дошло до судир помеѓу патничко возило „Застава 125“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот В.П. од Делчево, и патничко возило „Шкода“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од 25-годишниот А.Л. од Македонска Каменица.

Од судирот со тешки телесни повреди  се здобил возачот на возилото „Застава 125“ и сопатникот, 40-годишниот И.Н. од Делчево.

Тие биле препратени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Возачот на возилото „Шкода“ и сопатникот, 25-годишниот Ѓ.С. од Македонска Каменица се здобиле со телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Делчево.

 

 

 

06.06.2018 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега