Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата за Договорот со Грција

 

Oд вкупно 109 гласа, со 69 гласа „за“ и 40 „против“, Собранието ја усвои потребата законот за ратификација на договорот со Грција да биде донесен по скратена постапка.

Претходно, министерот за надворешни работи, Никола Димитров образложи дека повеќе од неопходно е да се донесе законот по скратена постапка, за Грција да може да го извести НАТО за пoканата. На ова пратениците од ВМРО-ДПМНЕ започнаа да извикуваат предавник, по што ја напуштија собраниската сала со барање на пауза.

Паралелно, пред собранието се одржуваат протести против промената на името и ратификување на договорот со Грција.

 

 

 

19.06.2018 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега