Судир меѓу две возила во Велес: Младо момче тешко повредено

На крстосницата од улица „АСНОМ“ и улица „Андон Шурков“ во Велес, вчера дошло до судир помеѓу патничко возило „Фолксваген Поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот С.А. од Градско и патничко возило „Фиат Стило“ со велешки регистарски ознаки, управувано 30-годишниот од А.Т. од Велес.

 Од судирот со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „Фолксваген Поло“, 23-годишниот Ѓ.Д. од Градско, а со телесни повреди се здобил возачот А.Т. и 35-годишната сопатничка А.Т. од истото возило. Тие биле пренесени во Општата болница во Велес за укажување на лекарска помош. 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес. 

 

 

 

 

20.06.2018 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега