Ракометарките на Вардар се пласираа во Лигата на шампионите

Женскиот ракометен шампион на Македонија, ЖРК Вардар СЦБТ обезбеди пласман во групата од Лигата на шампионите.

Ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ вечерва во Еболи, во близина на Салерно, Италија во финалниот дуел од квалификационата група го победија францускиот вицепрвак Флори Луар со 33:25 (18:11). Вчера во полуфиналето, вардарки го совладаа домаќинот на групата Салерно со 35:16.

ЖРК Вардар ќе игра во групата Д заедно со екипите на: Ларвик (Норвешка), Бера Бера (Шпанија) и Подравка (Хрватска).

15.09.2013 - 22:05

најчитано сега