Седници на пет собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за политички сиситем и односи меѓу заедниците, за образование, наука и спорт, за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија.
На дневниот ред на Комисијата за економски прашања се предлог законите за изменување и дополнување на Законот за градежните производи, за изменување на Законот за трговија, и за изменување на Законот за државен пазарен инспекторат, трите во второ читање и поднесени од пратеници од владеачкото мнозинство.
Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог законот за изменување на Законот за инспекциски надзор, во второ читање, поднесен од пратеници од мнозинството.
Комисијата за образование, наука и спорт ќе расправа за предлог законите за изменување на Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење и на Законот за основање на Технолошко – технички факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, двата во прво читање, како и за Предлог-законот за поддршка на млади при купување на музички инструменти, во второ читање.
На седницата на Комисијата за труд и социјална политика ќе биде разгледан Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, во второ читање, додека Законодавно-правната комисија ќе одржи три последователни седници на кои ќе рзгледа повеќе законски решенија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа