Премиерот Заев му ја честиташе победата на Ердоган на претседателските избори
Премиерот Зоран Заев упати писмо со честитки до претседателот Реџеп Таип Ердоган по повод победата на претседателските избори во Турција.
Во честитката, македонскиот претседател ги реафирмира традиционално добрите односи со Турција и изразува надеж за понатамошно унапредување на соработката во сите полиња од заемен интерес.
- Традиционалните пријателски односи помеѓу нашите две земји долги години се пример за меѓусебно разбирање и помагање во насока на развој на нашите општества и градење подобра иднина помеѓу нашите држави и нашите народи, наведува Заев.
Тој додава дека во духот на долгогодишното пријателството, меѓусебната поддршка и соработката, ја очекува турската поддршка за аспирациите на Македонија за полноправно членство во НАТО.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа