Партиите ќе го потпишат Меморандумот за членство на Македонија во ЕУ

Политичките партии во Република Македонија, денеска во Собранието ќе потпишат Меморандум за исполнување на стратешката цел за членство на земјата во Европската унија. Меморандумот го иницираше ВМРО-ДПМНЕ, а беше доставен до сите парламентарни политички партии на разгледување.

Партиите кои ќе го потпишат документот ќе се обврзат континуирано и без одлагање, во рамките на институциите, да ги спроведуваат сите активности и реформи потребни за исполнување на критериумите за членство во Европската унија. Тие, со Меморандумот ќе се обврзат да обезбедат конструктивна поддршка и ќе се воздржат од дејствија и активности кои може да го попречат или негативно да влијаат на пристапниот процес, притоа, несогласувањата или различните мислења ќе се надминуваат со меѓусебен дијалог во рамките на институциите, пред се во Собранието на Република Македонија, водејќи сметка пред се за интересот на државата и нејзините граѓани.  Партиите ќе треба да вложат напор за постигнување на усогласени ставови или решенија во однос на надминување на предизвиците со кои се соочува земјата во пристапниот процес.

16.09.2013 - 09:10

најчитано сега