Есенски температури среде лето: Невреме ја зафати Македонија, а ова е моменталната состојба низ градовите
Во Скопје променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 21 степен.
До четврток нашето подрачје ќе биде под влијание на циклонска активност што ќе предизвика претежно облачно и посвежо време со врнежи од дожд и ретки грмежи. Од целиот бран локално се очекува да наврнат и над 75 л/м2 дожд.
В петок и сабота времето ќе биде посончево со значителен пораст на дневната температура, но во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
27.06.2018 - 19:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа