Тројца европратеници се извинија за именувањето на Македонците во писмото како Северномакедонци
Претседателот на Обединета македонска дијаспора, Методија Колоски, информираше дека вчера испратил пораки до 11-те европратеници кои вчера со писмо до претседателот на Европскиот совет бараа интеграција на Западен Балкан.
Позитивен одговор бил добиен и од европратениците Тања Фајон од Словенија и Чарлс Танок од Велика Британија.
„Lapsus lingvae. Жалам за тоа. Забележано и поправено во писмото до претседателот на Советот на ЕУ“, твитна во својот одговор Фајон.
Направена е и корекција во отвореното писмо објавено на веб-страницата на Флекенштајн.
„Многу ми е жал, но на политичарите понекогаш им треба време за да научат. Македонците се Македонци, а не Северномакедонци. Нема да се повтори! Веќе е променето во официјалниот и-мејл до претседателот Туск", одговори на забелешките германскиот европарламентарец Кнут Флекенштајн, потписник на писмото до Доналд Туск во кое се бара интеграција во ЕУ на земјите на Западен Балкан.
Во писмото се бара датум за почеток на преговори со „Северна Македонија“ иако договореното ново име со Грција сѐ уште не е официјализирано.
Хрватската европратеничка Маријана Петир, шеф на Групата пријатели на Македонија во Европскиот парламент, не се потпиша на писмото затоа што содржи „дискриминирачка ревизија на македонскиот идентитет и кршење на човековите права од ЕУ“.
Lapsus linguae. Sorry for that! Noted and corrected in the letter to @eucopresident! @knufleckenstein https://t.co/lNjLnwRjUS
— Tanja Fajon, mag. (@tfajon) June 26, 2018
I am so sorry, but politicians need sometimes more time to learn. Macedonians are Macedonians and not Northern Macedonians. Will not happen again! Changed it already in the official mail to president Tusk. #Macedonians
— Knut Fleckenstein (@knufleckenstein) June 26, 2018
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа