Јаневски: Годинава зголемен број туристи во Македонија за 25 отсто

 

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски годинава очекува зголемување на бројот туристи за 20 до 30 отсто.

Како што изјави денеска, по отворањето на Инфо-параглајдинг центарот во Крушево, во првите четири месеци од годинава е веќе забележан раст за 25 проценти.

- Веќе сме во обиколка на туристичките центри во Македонија. Вчера бевме во Дојран и таму се веќе исполнети капацитетите за оваа сезона. Денеска сме во Преспа, а следната недела во Ресен и Охрид. Таму со локалните власти ќе ги договориме сите други можности за развој на туризмот, како и промоцијата на манифестациите кои како Агенција може да ги поддржиме, рече Јанески. 

 

 

 

29.06.2018 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега