Мислевме дека лошото помина: После топлите денови следува температурен шок
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 27 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје слично време со мала до умерена облачност и услови за појава на краткотраен дожд и грмежи попладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 32 степени.
До петок ќе преовладува сончево и топло време кога од попладневните часови се очекува локален пороен дожд и грмежи, особено на исток и во планинските предели. За време на викендот на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурата за неколку степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа