МВР откри 22 шпиони: Работеле за повеќе тајни служби - дома имале цели соби документи

22 лица ќе бидат опфатени со кривичната пријава која МВР ќе ја поденсе по акцијата Шпион која полицијата ја спроведувала цели 2 години.
17 лица се приведени по 3 се уште се трага, а 2 лица веќе издржуваат затворска казна за други кривични дела.
Сите ќе одговараат за 4 кривични дела, шпионажа, злосторнички здружување, уцена и иизмама.
„ Групта организирана оддавала класифицирани информации доверливи и строго доверливи информации и државни тајни. Соработувале со различни странски служби а информациите ги добивале од институциите во кои дел од нив работат како и од контакти со поранешни политчари. Со своите активности во прашање бил доведен државниот и безбедносниот систем“ - рече на прес конференција помошник министерот за внатрешни работи Иво Котевски

Полицијатасе уште врши претреси во домовите на осомничените во кои според досегашните инфрмации биле пронајдени цели соби со документи кои тие ниту смееле да ги поседуваат ниту да ги оддаваат. Покрај документацијата полицијата пронашла и 16 паричња оружје.
Според информациите од истрагата, тие не само што шпионирале за странски тајни служби, туку и уценувале поединици од јавниот живот во земјава. Под контрола држеле и неколку медиуми, главно интернет портали на кои се заканувале дека ќе објават дел од доверливите содржини

 

Според информациите од МВР меѓу осомничените има двајца вработени во Агенцијата за разузнавање, шестмина припадници на МВР од кои двајца активни во УБК. Двајца вработени во Министерството во одбрана од кои еден е активен и едно лице од Управата за финансиски криминал.

Како што уште утринава објави Пресс24 меѓу приведените се шефот на кабинетот на Претседателот на Собранието Марјан Маџовски, режисерот Борис Дамовски, екс-разузнавачот Аце Диневски, поранешниот директор на Управата за перење пари, Ване Цветанов како и новинарот Зоран Божиновски по кој се уште се трага. Неофицијалните информации велат дека за Божиновски било користено кодното име „Луди Милојко“ а за Ване Цветанов „Мачор“.

Групата работела како паралелена разузнавачка служба. 

Повеќе на оваа тема:

Мега апсење во Скопје: Падна првиот човек на Вељаноски за шпионажа

ФОТО: Маџовски и Дамовски уапсени за шпионажа

Новинарот Зоран Божиновски меѓу осомничените шпиони - се води под името "Луди Милојко"

Ване Цветанов и Горан Стојков меѓу уапсените за шпионажа

16.09.2013 - 15:07