Димитров: Ве уверувам дека ниту јас, ниту Заев не прифаќаме загрозување на идентитетот и нацијата
За време на денешното обраќање пред пратениците, Димитров се осврна на образложението од Иванов зошто не го потпишува договорот за името и рече дека Уставот не се брани со негово кршење, а токму тоа го прави претседателот Ѓорге Иванов, рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров,
„Ве уверувам дека ниту јас, ниту Заев не прифаќаме загрозување на идентитетот и нацијата. Со спогодбата ќе имаме печатење на документот на македонски јазик со македонски превод“, рече Димитров.
Во однос на обвинувањата дека Владата не склучува меѓународни договори туку тоа го прави претседателот на државата, Димитров го цитираше уставот, според кој и Владата склучува договори во области од економијата, социјалата, заштитата на животната средина, енергетика, дипломатски конзуларните односи, одбраната.
„Од 897 меѓународни договори кои досега се ратификувале во Собранието, само 5 биле склучени од страна на претседателите“, рече Димитров.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа