Ахмети: Нема сила што ќе го спречи договорот со Грција (ВИДЕО)

 

По денешното второ гласање на законот за ратификација на договорот помеѓу Атина и Скопје, лидерот на ДУИ Али Ахмети им честиташе на граѓаните на Македонија.

Во видеоснимката објавена на Фејсбук од страна на пратеникот на ДУИ, Артан Груби се слуша како лидерот на ДУИ вели дека договорот за името меѓу Македонија и Грција нема сила што може да го попречи.

„Честитки, честитки. Овој е еден незапирлив процес. За незапирливите процеси не постои сила што може да ги запре“, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети на излегување од собраниската сала. Законот се изгласа со 69 гласа ЗА и еден воздржан.

 

 

 

 

05.07.2018 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега