Обвинителството отвори нова истрага за напад и обид за убиство на Села

 

Адвокатот на пратеникот Зијадин Села, Абедин Абдули, по изрекувањето на пресудата за обидуот за убиство на Села во Сорание на 27. април, потврди дека покрената е нова истрага за обид за убиство врз неговиот клиент, објави „Макфакс“.

„Процедурата за тие лица кои беа видени ви последното видео е во постапка и очекуваме во септември да имаме ново обвинение. Во моментот кога било покренато обвинението, за тие лица не постоеле докази дека се вклучени во обидот за убиство на Села“, рече Абдули.

Според неофицијални информации, станува збор за десетина насилници кои не беа опфатени во ова обвинение.

Судот денеска изрече вкупно казни затвор од 82 години против 7 лица за обидот за убиство на Зијадин Села.

 

 

 

05.07.2018 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега