Вечерва телефонски разговор Заев-Пенс
Американскиот потпретседател Мајк Пенс вечерва во 10 часот телефонски ќе разговара со грчкиот премиер Алексис Ципрас, а половина час подоцна и со премиерот Зоран Заев, објави „Екатимерини“.
Денеска, во Собранието по втор пат беше ратификуван Договорт со Грција, откако претседателот Иванов одби да го потпише.
Договорот беше изгласан до 69 гласа „за“ и еден воздржан. Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на гласањето.
Заев, наводно, ги открил можните датуми за одржување на референдумот во интервју за ЕРТ, кој ќе биде емитуван во четврток вечер.
05.07.2018 - 18:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа