Џафери: Иванов го крши Уставот – емоциите да се остават на страна и да ги вршиме нашите должности
Евентуалната одлука на Претседателот до крај да не го потпишува Указот е спротивно на Уставот на Република Македонија а со тоа и прекршување на Уставот, изјави во „Уреднички брифинг“ на 1ТВ, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.
– Ние сме избрани на функциите и може да имаме лични ставови, но личните чувства и емоциите треба да ги оставиме на страна додека ја извршуваме функцијата, затоа што сме обврзани со сите процедури и постапки кои што се пропишани во Уставот и во законите. Во тој контекст и тоа да е причината мислам дека како носител на државна функција треба да се издигне и да го надмине и тој емотивен момент доколку е тоа причината за некомуницирање односно без оглед кој е личниот став, партиски или на граѓаните. Во секој случај во моментот кога сме избрани ние сме избрани и од оние кои имаат спротивен став и ги претставуваме и тие што имаат различен став од она што е на оние што не поддржуваат, кажа Џафери.
Според него, одлуката да не го потпише законот по повторното изгласување со мнозинство гласови, односно 69 „за“ и еден воздржан, значи дека претседателот се меша во законодавната власт и го попречува Собранието во носењето на законите во иднина.
-Овде се поставува прашањето на сигурноста на законодавниот дом во надлежностите, затоа што ова веќе станува пракса, а не исклучок. Претходно беше Законот за јазиците, сега овој закон, вели Џафери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа