ФОТО: Започна невремето во Македонија - пад на температурите, грмежи и град

 

Утринава во Македонија имавме со умерена облачност додека попладнево облачноста ќе се зголемува и на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер а има услови и за локална појава на град, објави метеорологот Славчо Попоски.

Најголеми услови за нестабилност и за врнежи има во западните предели како и на истокот од државава.

Ќе дува умерен, Долж Повардарието и на југоисток повремено засилен ветер од северен правец кој ќе услови пад на температурите на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степени додека нешто посвежо време ќе има на запад.

Нестабилното време продолжува и на самиот почеток од новата недека па така од доцна претпладне односно од пладне па натака повторно на повеќе места ќе има врнежи и грмежи а има услови и за локална појава на град а и понатаму ќе остане релативно свежото време.

Локално особено на запад и на исток се очекува да наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2).

Еве каде во моментов беснее невреме:

 

 

 

08.07.2018 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега