Комити денеска со протестен марш за правда за Саздо
Навивачкаа група Комити најавува протестен марш за денеска. Времето и местото на стартот на маршот се уште не се објавуваат. Како што велат од навивачката група во своето известување на социјалните мрежи, сите информации ќе бидат навремено соопштени.
Комити и вчера имаа мирен собир пред Собранието на Република Македонија каде што запалија свеќа во чест на нивниот другар Саздо.
Пред Собранието дојде и лидерот на опозицијата Мицкоски кој запали свеќа и го остави својот дрес.
Саздо беше нападнат пред 2 недели од 3 лица додека чекал автобус во скопска Автокоманда.
Од тешките повреди вчера почина во болница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа