Фетаи: Подготвена сум секој ден да доаѓам, за да работиме на разрешување на „Монструм“
На денешното рочиште за случајот „Монструм“ беше предвидено декнес да биде сослушан заштитниот сведок, но поради болест на судијата, рочиштето беше откажано.
По одложувањето на судењето за случајот “Монструм“, обвинителката на СЈО , Фатиме Фетаи на судијата му порача дека ако е потребно таа е подготвена и секој ден да доаѓа да се работи на овој процес, пишува МКД.мк.
Ваквото нејзино излагање следење откако адвокатката Дафинка Ивановска која е законски застапник на дел од оштетените му предложи на судијата, наместо во август, заштитениот сведок да се сослуша од понеделник.
Судијата Огнен Ставрев рече дека на тој начин ќе го прекрши законот. По ова тој нагласи дека може да помогне со тоа што освен двата датуми, 22 и 24 август, за датум за судење ќе го определи и 31 август.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа