Доаѓа вистински пекол: Температурите одат над 40 степени
Вистинско лето не чека до крајот на овој месец. Метеоролозите најавуваат високи температури, сончево време и висок ув индекс.
До крајот на оваа недела температурите ќе бидат во рамките на просекот. Низ Македонија ќе се искачуваат и над 30 степени, а во Скопје околу 32 степени. Во некој од деновите до крајот на неделата ќе има периоди со наоблачување но дожд не се очекува.
Слично ќе биде времето и во наредната недела, додека кон крајот на месецот се очекува вистински африкански бран во Македонија кој ќе услови температури над 40 степени низ Македонија и над 36 во Скопје.
Иако не може да се потпираме на нив, сепак, долгорочните прогнози покажуваат дека најдобар период за користење на годишниот одмор ќе биде крајот на јули и почетокот на август, се разбира, доколку сте од оние кои сакаат да се „пржат“ на плажа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа