На шега вметнале вистински куршум во пиштол плашливец- поврдено момче од Ресен

Тринаесет годишно момче е повредено со боев куршум од пиштол 9мм откако другарите на шега го вметнале во пиштол плашливец. Несреќата се случила вчера околу 10:40 утрото во селото Царев Двор во близина на Ресен, информираат од полицијата.

Тринаесет годишниот Н.А. бил повреден од испукувањето на куршумот во пределот на стомакот и нозете. Пренесен е во Медицинскиот центар во Ресен каде е задржан на лекување.